Новости

Свет

Почина Дасти Хил, басистот од бендот Зи Зи Топ

Почина Дасти Хил, басистот на познатата тексашка хард рок група „Зи Зи Топ“, објави американскиот сајт ТМЗ, повикувајќи се на членовите на славниот бенд. Веста ја пренесе и АП, повикувајќи се на објавата на членовите на бендот на Фејсбук.

„Тажни сме од веста дека нашиот другар Дасти Хил почина во сон во неговиот дом во Хјустон“, рекоа Били Гибонс и Френк Бирд.

Гибонс и Бирд додадоа – „Многу ќе ни недостигаш, амиго“.

Засега е непознато дали смртта на Хил е поврзана со неговите здравствени проблеми. ТМЗ објави дека басистот неодамна го повредил колкот.

Веста за смртта на Хил ја пренесе и АП, како и локалниот американски сајт „Click2Houston“.

Хил, чие вистинско име е Џозеф Мајкл Хил, е роден во 1949 година и беше познат по каубојскиот шешир, очилата за сонце и долгата брада, која ја носи и гитаристот Гибонс.

„Зи зи топ“ го снимија својот прв албум во 1971 година, и постигнаа голем успех со албумите „Tres Hombres“ (1973), „Fandango“ (1975), „Eliminator“ (1983) и „Aftterburner“ (1985).

Триото хард рок од Тексас се прослави со хитовите „La Grange“ (1973), „Tush“, „Blue Jeans Blues“ (1975), „Cheap Sunglasses“ (1979), „Gimme All Your Lovin’ “,„ Sharp Dressed Man”.”, “Legs” (1983), “Sleeping Bag”, “Rough Boy” (1985) и “Doubleback” (1990).

СН Брокер
To Top