Новости

Свет

По пауза од 38 години еруптира вулканот Мауна Лоа – Луѓето наместо во паника, восхитени од глетката

Најголемиот активен вулкан во светот, Мауна Лоа на Хаваите, исфрли реки од вжештена лава што привлече илјадници восхитени набљудувачи кои го блокираа автопатот.

Главниот автопат што ги поврзува градовите на источниот и западниот брег на Големиот остров стана импровизиран центар за набљудување, при што илјадници автомобили го заглавија автопатот во близина на Националниот парк Вулкани.

Вулканската лава полека се спушташе по падината и беше на околу 10 километри од автопатот познат како Седл Патот.

Патот го дели островот на половина и ги поврзува градовите Хило и Каилуа-Кона, а луѓето кои патуваат меѓу нив би морале да одат по подолгиот крајбрежен пат доколку автопатот стане непрооден поради вулканот.

Научникот на хавајската опсерваторија за вулкани Кен Хон изјави дека со сегашната стапка на проток, лавата ќе стигне до патот најрано за два дена, но веројатно ќе потрае подолго.

Вулканот Мауна Лоа еруптираше во неделата по пауза од 38 години, а во средата течеа реки од лава.

Мауна Лоа последен пат еруптираше во 1984 година, а тоа беше 34-та ерупција од 1843 година, кога за неа почнаа да се водат писмени записи, пренесува американската агенција.

Но, најинтересно е што луѓето на оваа ситуација гледаат како на туристичка атракција и се восхитуваат, а другите пак, жителите на ова место сметаат дека ова е многу значаен момент за нив и се пресреќни!

Не би биле ние, ако не се пошегуваме на ова: Ако кај нас, се случеше нешто вакво, досега ќе ни беа полни „резервоарите“ со брашно, а тоалетната хартија веќе ќе беше испразнета од рафтовите на маркетите!

Евротип
SNBROKER
To Top