Новости

Свет

По силниот земјотрес во Мексико, се очекува цунами

Во Нова Каледонија денеска се очекуваат бранови од 20 до 30 сантиметри што одговараат на цунами со послаб интензитет.

На цунамито му претходеше силен земјотрес што го погоди западниот дел на Мексико, соопштија локалните власти.

„Неприродно движење на морето“ ќе биде забележано подоцна денеска во Нова Каледонија, околу 18:00 часот по локално време (9:00 часот по средноевропско време) по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико, соопштија официјални лица.

Но, локалната самоуправа преку соопштение објави дека нема опасност од разорно цунами, апелирајќи до населението да се држат настрана од брегот. Цивилната одбрана не издаде предупредување за цунами.

„Со оглед на тоа што не постои ризик од поголемо потопување на брегот, населението не мора да се засолни на повисоки места или на побезбедни места“, велат од Владата.

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Мексико и неговиот истоимен главен град вчера во 13:05 часот по локално време (20:05 часот по средноевропско време), на годишнината од смртоносните земјотреси во 1985 и 2017 година.

Евротип
SNBROKER
To Top