Новости

Свет

Први снимки од местото на трагедијата: Актерот Алек Болдвин застрелал колега додека снимале сцена во импровизирана црква

Трагедијата се случила за време на снимањето на „Rust“, кога познатиот холивудски актер Алек Болдвин ја убил својата колешка Халина Хачинс (42), а ја ранил Хоел Соуза (48).

Како што може да се види на првите снимки, кои ги пренесуваат светските медиуми, трагедијата се случила при снимање на сцена во импровизирана црква. Филмот се снима во Ново Мексико.

Во соопштението од продукцијата на филмот „Rust“ се наведува дека до несреќата дошло поради неправилна употреба на филмско оружје.

Полицијата во соопштението наведе дека е рано да се каже за каков инцидент се работи и дека не го употребиле терминот несреќа, оставајќи им го тоа на инспекторите.

Според инспекторите, немилиот настан се случил за време на снимањето на сцената која вклучувала употреба на реквизити за огнено оружје, кога се случило пукањето.

Во тек е истрага за видот на испуканите куршуми.

Халина Хачинс е родена во Украина во 1979 година. Халина порасна во советска воена база во Арктичкиот круг. Таа учеше на Националниот универзитет во Киев и дипломираше меѓународно новинарство пред да започне да работи на британски документарни продукции како истражувачки новинар.

Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година, била снимател во лабораторијата „21th Century Fox DP“, а една година подоцна била избрана за една од sвездите во подем на списанието „Американски кинематографер“.

Евротип
Евротип
To Top