Новости

Свет

Принцот Вилијам прележал корона во април

Британскиот принц Вилијам прележал корона, но тоа не сакал да го соопшти се досега, за да не ја вознемири јавноста, пренесе The Sun.

„Се случуваа многу важни работи и не сакав луѓето да бидат загрижени“, соопшти војводата од Кембриџ.

Тој тајно се борел со коронавирусот откако неговиот татко Чарлс беше позитивен на COVID-19. Како што пренесуваат британските медиуми, додека тој бил болен од болеста, имал проблеми со губење на здивот.

Вилијам бил лекуван од кралските доктори, а во карантин се наоѓал во семејната куќа во Анмер Хол во Норфолк.

GOLD
To Top