Новости

Свет

Продолжен е локдаунот: Во Канбера карантинот ќе биде на сила до половината на октомври

Во главниот град на Австралија, Канбера, мерките за карантин ќе бидат на сила до половината на октомври.

Околу 400.000 жители веќе поминаа еден месец дома, откако беше откриено ново жариште на Ковид-19 во градот.

Локалните власти сакаат да го ограничат преносот на вирус и да вакцинираат што повеќе луѓе.

Новото жариште на епидемијата е ограничено, иако станува збор за делта сојот на коронавирус. Забележани се 252 активни случаеви и 276 излекувани.

Кампањата за вакцинација е забрзана во последните неколку месеци, особено помеѓу милиони луѓе на југоистокот на земјата, каде најнаселени градови се Сиднеј и Мелбурн.

СН Брокер
To Top