Новости

Свет

Произведувачите: Ако омикрон сојот е отпорен на вакцините, новите ќе бидат спремни за 100 дена

Компанијата Новавакс соопшти дека веќе работи на вакцина против ковид-19 заснована на познатата генетска секвенца Б.1.1.529, како и дека вакцината ќе биде спремна за почеток на тестирање и производство во следните неколку недели.

Произведувачите на вакцини се уверени дека ќе можат брзо да ги прилагодат своите вакцини ако варијантата под назив омикрон се прошири.

Новиот сој, претходно познат како Б.1.1529, го карактеризираат мутации ки сугерираат дека носи зголемен ризик од повторна инфекција.

Постојат и стравови дека таа варијанта би можела да биде поотпорна на вакцините кои сега се распространети низ светот.

Фајзер и Бајонтек очекуваат дека „ќе можат да развијат и произведат прилагодена вакцина против таа варијанта за околу 100 дена“.

Модерна соопшти дека ја унапредила „сеопфатната стратегија за предвидување нови загрижувачки варијанти“ од почетокот на 2021, вклучувајќи три нивоа на одговор ако имунитетот кој го нуди нивната вакцина ослаби.

Новиот сој беше откриен во Јужна Африка, а бројни земји, вклучувајќи ги Британија, Австралија и САД ги ограничија патувањата од повеќе јужноафрикански земји.

Еден од водечките епидемиолози во Јужна Африка, Салим Абдул Карим, кажа за Скај њуз дека може да се очекува новиот сој на ковид веќе е присутен во европските земји, вклучувајќи ја Британија.

Светската здравствена организација ја означи вчера Б.1.1.529 како „загрижувачка варијанта“, сега веќе официјално позната како омикрон, по буквата од грчката азбука.

Евротип
SNBROKER
To Top