Новости

Свет

Путин го потпиша законот со кој може да биде на власт до 2036 година

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес потпиша закон со кој теоретски може да остане на власт до 2036 година.

Според претходниот устав, 68-годишниот Путин, кој е на власт повеќе од две децении, треба да поднесе оставка по завршувањето на својот втор последователен мандат во 2024 година.

Но, Русите минатата година гласаа за амандманите кои му дозволија да се кандидира за уште два шестгодишни претседателски мандата. Амандманите на законот ги усвои рускиот парламент Дума.

Путин, кој ќе наполни 83 години во 2036 година, беше претседател од 2000 до 2008 година по што мораше да поднесе оставка според правилата на претходниот устав од 1993 година.

Потоа служеше два мандата како премиер пред да биде реизбран за претседател во 2012 и 2018 година.

GOLD
To Top