Новости

Свет

Путин: Кој сака да оди на одмор во странство нека оди, не смееме и не можеме да забраниме

Руските власти нема присилно да ги задржуваат граѓаните кои сакаат да заминат на одмор во странство или да патуваат во Русија, но секој руски граѓанин треба да ја знае ситуацијата со коронавирусот во другите земји, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека некои земји, каде што туризмот игра голема улога во економијата, веќе објавиле дека се отворени за туристи.

– Секако, не смееме и не можеме да забраниме никому да патува, ниту ќе го сториме тоа. Оние кои сакаат да заминат во странство, нека одат, порача Путин.

Како што пренесе агенцијата ТАСС, Путин апелираше до граѓаните да посветат посебно внимание на она што се случува во земјите на југот на Европа.

– Ова е многу тешка ситуација и не се подобрува, рече Путин.

Тој изрази надеж дека вакцинацијата ќе ја подобри состојбата. 

GOLD
To Top