Новости

Свет

Путин ќе биде вакциниран денес- Кремљ намерно не открива со која вакцина

Кремљ објави дека намерно нема да открие која руска вакцина ќе ја прими претседателот Владимир Путин подоцна денес, за кога е закажана вакцинацијата.

„Намерно не кажуваме која вакцина ќе ја прими претседателот и напомнуваме дека сите три руски вакцини се апсолутно сигурни и ефикасни“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Путин, кој рече дека ќе биде вакциниран денес, најверојатно ќе биде вакциниран навечер и ќе добие една од трите вакцини произведени во Русија.

Путин веќе направи многу во промоцијата на руските вакцини, од кои најпозната е „спутник В“, тврди Песков.

Тој откри дека на Путин не му се допаѓа идејата да се вакцинира пред камери.

GOLD
To Top