Новости

Свет

Рекордна инфлација во Турција, храната поскапе за 94 отсто

Инфлацијата во Турција минатиот месец се искачи на околу 79 отсто – највисокото ниво забележано во земјата во последниот четврт век. Годишната стапка на инфлација во јуни изнесува 78,62 отсто, покажуваат денешните податоци на турскиот статистички институт. Месечниот раст на потрошувачките цени изнесуваше 4,95 отсто.

Цените на транспортот скокнаа во јуни за 123,37 отсто во однос на претходната година, додека храната и безалкохолните пијалоци поскапеа за 93,93 отсто, покажуваат податоците на Владата.

Иако цените на храната се зголемија во многу земји, многумина, за економската криза во Турција, го обвинуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Руската инвазија на Украина, која ги зголеми цените на гасот, нафтата и житото, ја влоши ситуацијата во Турција која е зависна од увоз.

Евротип
SNBROKER
To Top