Новости

Свет

Родители бидете претпазливи – на Youtube се појавија вознемирувачки видеа со Прасенцето Пепа

Youtube деновиве е критикуван од сите страни откако на каналот се појавија видеа кои ги намамуваат децата мислејќи дека се работи за нивниот омилен цртан филм, но всушност зад сликата од Прасенцето Пепа се крие експлицитна и вознемирувачка содржина, пишува британски Телеграф.

На пример, на сликата од едно видео го има ликот на прасенцето, а содржината е следна: Пепа оди на заболекар и има страшна операција на забот. Прасенцето почнува да плаче и содржи сцени кои можат да ги вознемират децата кои го сакаат овој цртан лик. Но најстрашното е што во опсиот на видеото стои дека е за деца.

Некои видеа пак содржат сцени со неавторизирана употреба на ликот на Прасенцето Пепа каде што умира брутално. Има стотици слични видеа кои содржат насилни или сексуални содржини со карактери кои ги привлекуваат децата, на пример со Елса, Мињоните и други. Многу од овие видеа имаат над илјада прегледи и содржат реклами од компании плаќаат на Youtube за своите реклами пред видеата.

Од Youtube се огласија после поплаките. Портпаролот коментираше дека работат на тоа видеата во YouTube Kids да ги направат пријателски за деца колку што можат повеќе.

„Го цениме тоа што луѓето ни укажуваат на проблематичните содржини, што ги означуваат видеата како несоодветни. Видеата кои се означени (flagged) рачно ги прегледуваме 24/7 и секое видео кое не припаѓа таму го отстрауваме за неколку часа. На родителите им препорачуваме да ја исклучат опцијата Search во апликацијата.“

GOLD
To Top