Новости

Свет

Русија на ЕУ и нуди 100 милиони дози од нивната вакцина

Русија и ја понуди својата вакцина Спутник V на Европската унија поради недостаток на други вакцини против коронавирус.

Русија може да достави 100 милиони дози Спутник V на ЕУ во вториот квартал на 2021 година, објави денеска државниот инвестициски фонд, кој ги кофинансира и продава вакцините.

Со тоаколичество може да вакцинираат 50 милиони луѓе. Околу 1,5 милиони луѓе во Русија веќе ги примиле двете дози на вакцината.

За употребата на Спутник V во Унијата прво треба одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Рускиот производител вели дека вакцината Спутник V е одобрена од 15 земји, вклучително и Унгарија, која минатата недела стана првата членка на Европската унија што го сторила тоа.

Вакцината Спутник V беше одобрена за употреба во средината на август минатата година, што наиде на меѓународни критики затоа што беше одобрена пред да завршат клучните испитувања.

Резултатите од независните студии за вакцината не се објавени, посочува агенцијата DPA.

Евротип
Евротип
To Top