Новости

Свет

Русија прифатила разговор со САД

Русија го прифати американското барање за средба меѓу државниот секретар на САД Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Ова денеска го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Тој рече дека Вашингтон се уште очекува разговорите да се одржат во наредните денови.

Блинкен вчера изјави дека ќе го искористи планираниот повик за да го притисне Лавров да одговори на „значајната понуда“ од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден до Москва за да обезбеди ослободување на американските државјани – кошаркарката Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан, кои се во затвор во Русија.

Како што објави Си-Ен-Ен, по неколкумесечна внатрешна дебата, администрацијата на Бајден понудила размена на рускиот дилер на оружје Виктор Бут, кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, за Гринер и Вилан.

Во 2020 година, маринецот Пол Вилан беше осуден на 16 години затвор за шпионажа. Тој и неговото семејство цело време тврдат дека бил невино осуден, а овие наводи биле демантирани од американската влада, пишува „Хаф Пост“.

Кошаркарката Бритни Гринер, која неколку месеци е во руски затвор, на суд признала дека имала масло од канабис во багажот кога била на аеродромот во Москва, наведувајќи дека случајно го спакувала во куферот.

Нивниот последен разговор се случил на 15 февруари годинава, десет дена пред почетокот на конфликтот во Украина.

Евротип
SNBROKER
To Top