Новости

Свет

Русија се закани: Ќе ја прекинеме испораката на гас за Европа

Советот на Федерацијата на Русија расправаше за последиците од одбивањето на Г7 да го плати гасот во рубљи.

„Одбивањето на земјите-членки на Г7 да го платат гасот во рубли ќе доведе до прекин на испораките на гас во Европа“, соопшти Русија, пренесува РИА Новости.

Да потсетиме, група од седумте големи економии (Г7) го одби барањето на Москва да го плати рускиот гас во рубљи. Германскиот министер за енергетика рече дека исполнувањето на барањата би било „еднострано и јасно кршење на постоечките договори“, пренесува „Скај Њуз“.

Претходно во понеделникот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така коментираше што би можело да се случи доколку земјите одбијат да платат за рускиот гас во рубли.

„Сигурно е дека нема да доставуваме гас бесплатно. Ова може да се каже со апсолутно убедување. Меѓутоа, во нашата ситуација тоа е тешко возможно и тешко е намерно да се вклучиме во паневропска добротворна организација“, рече Песков.

Тој потврди дека Москва ќе почне да продава нафта во Југоисточна Азија доколку Европа одбие да купи руски суровини.

Евротип
SNBROKER
To Top