Новости

Свет

САД го одобрија лекот Регенерон за итна употреба во третманот на ковид

Американските здравствени власти дозволија итна употреба на терапија со антитела за да му се помогне на имуниот систем да се бори против „ковид 19“, експериментален лек што се користеше за лекување на претседателот Доналд Трамп минатиот месец кога беше заразен со вирусот корона.

Администрацијата за храна и лекови (ФДА) ја одобри употребата на „Регенерон фармацевтикалс“ за третман на пациенти со благи до умерени симптоми за да се спречи развојот на болеста и хоспитализацијата.

Лекот се дава како единечен интравенски третман. ФДА дозволи употреба кај возрасни и деца постари од 12 години кои тежат најмалку 40 килограми и кај пациенти со висок ризик.

Компанијата Регенерон рече дека првичните дози ќе бидат достапни за околу 300.000 пациенти преку програмата за дистрибуција на сојузната влада.

Пациентите нема да плаќаат за лекот, но можеби ќе треба да ги понесат трошоците за интравенска администрација.

GOLD
To Top