Новости

Свет

САД со рекордени 100.000 новозаболени со Ковид – 19 ден по изборите

САД вчера регистрираа 100.000 нови случаи на коронавирус, што претставува дневен рекорд за земјата и навестува дека идниот претседател ќе се соочи со дополнително влошена здравствена ситуација. Во исто време, починале повеќе од 1.100 Американци од ковид-19.

Во земјата има над 50.000 хоспитализирани лица, што е пораст од 64% во споредба со минатиот месец.

САД во изминатиот седумдневен период имаат просек од 86.000 новозаразени на ден, 45% повеќе во споредба со претходните две недели.

„Сегашниот мандат на Доналд Трамп трае до 20 јануари. Во тие 86 дена, уште 100.000 Американци би можеле да умрат од вирусот ако нацијата не го промени курсот. Сите податоци моментално одат во погрешна насока. Вирусот забрзано ќе продолжи да ескалира ако сами не преземеме нешто да го сопреме“, вели Роберт Марфи, извршниот директор на Институтот за глобално здравје на Медицинското училиште Фајнберг во Чикаго.

GOLD
To Top