Новости

Свет

САД ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“ за која треба една доза

„Џонсон и Џонсон“ е третата вакцина одобрена од американските регулаторни тела, која за разлика од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ таа се дава во една доза.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека иако ги слават ваквите вести, ги повика Американците да продолжат да ги мијат рацете, да држат физичка дистанца и да носат маски.

Тој оцени дека тоа се охрабрувачки вести, но и предупреди дека борбата е далеку од завршена.

До крајот на јуни САД очекуваат да добијат 100 милиони дози од „Џонсон и Џонсон“, а првите дози се очекува да бидат испорачани веќе следната недела.

GOLD
To Top