Новости

Свет

Сертификатите на ЕУ ќе важат за сите вакцини против коронавирус

Дигитални зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе се издадаваат за сите вакцини против Ковид-19, а државјаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, соопшти Брисел.

Се наведува дека сертификатите ќе се издаваат бесплатно, и дека планот е тие да стапат во сила до почетокот на летото.

– Предлогот јасно кажува дека земјите-членки можат да бидат обврзани да прифаќаат само вакцини одобрени од ЕУ, но тие можат слободно да прифаќаат и други вакцини, рече европскиот комесар за правда и заштита на потрошувачите Дидие Рејндерс.

Причината е дека „не можеме да им наметнеме обврска на земјите-членки за вакцини кои не се одобрени на нивна територија и без проверка од Европската агенција за лекови (ЕМА), па земјите-членки не можат да бидат сигурни дека вакцините кои не се одобрени се ефикасни и безбедни, додаде тој.

GOLD
To Top