Новости

Свет

Се враќаат маските во Франција: Повик до граѓаните да се заштитат во јавниот превоз

Французите треба повторно да почнат да носат маски на местата со многу народ, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид, изјави министерката за здравство Брижит Боругињон.

„Не е дека само препорачувам, тоа го барам од вас. Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз“, рече таа за RTL, додавајќи дека тоа е „граѓанска должност“. Маските, додае таа, треба повторно да се носат на други затворени простори, како што се работни места и продавници.

Франција бележи 17.601 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број од понеделник, 18 април. Пред пет дена, првиот човек на кампањата за вакцинација Ален Фишер потврди дека новиот бран на Ковид ја пустоши земјата, поттикнат од појавата на нови варијанти на вирусот, како и насекаде во Европа, додавајќи дека тој лично се залага за повторно воведување на маските во јавниот превоз.

Во Австрија пак, поради новиот летен бран на инфекции со коронавирусот, повеќето граѓани би сакале да се вратат на носење маски на јавни места. Веќе со денови во Австрија се регистрирани меѓу 7.000 и 9.000 новозаразени, а се предвидува дека оваа бројка ќе продолжи да расте. Истражувањето на јавното мислење на Институтот ОГМ покажува дека 55 отсто од Австријците би го поддржале враќањето на обврската за носење маски FFP2 на јавни места, како што се супермаркети, институции и јавниот превоз. Од друга страна, 40 отсто се против, а пет отсто не сакале да коментираат на оваа тема.

Најмногу поддржувачи за враќање на обврската за носење маски има кај лицата постари од 50 години, бидејќи во таа возрасна група 66 отсто сакаат да ги вратат маските. Само 47 отсто од оние помлади од 30 години го сакаат тоа.

Евротип
SNBROKER
To Top