Новости

Свет

Се враќа ли довербата во Samsung – удвоена испораката за Galaxy S8

Нова информација од Јужна Кореја покажува дека довербата на Samsung во пазарниот успех на Galaxy S8 станува се поголема. Според публикацијата на локалниот весник The Bell, компанијата речиси ги дуплираше првите испораки од новиот смартфон во споредба со неговиот претходник, зголемувањето е за околу 40% од првичните 12 милиони единици на Galaxy S7. Информациите откриваат дека како дел од првата серија помеѓу јануари и март Samsung Display има намера да достави 10 милиони OLED панели за Galaxy S8 и 6 милиони за поголемиот Galaxy S8 Plus.

Врз основа на тоа се прави прогноза дека испораките на смартфоните за целата година може да достигнат 55 милиони единици. Меѓутоа, постојат скептици кои сметаат дека компанијата се обидува да обезбеди повеќе панели, за да избегне евентуален недостиг во следните месеци пред премиерата на iPhone 8, кој се очекува да користи ист таков дисплеј. Потсетуваме дека премиерата на Galaxy S8 се очекува на 29-ти март, а почетокот на продажбата ќе започне околу 21 април.

GOLD
To Top