Новости

Свет

Се отвара првата ,,геј-лезбејска” градинка во Германија

Советувалиштето за хомосексуалци во Берлин напролет ќе ја отвори првата геј-лезбејска градинка во Германија.

Во групите, на децата ќе им се објаснува како е да се биде геј или лезбејка.

,,Во градинката, на пример, ќе има 10 вообичаени книги за деца, но и три во кои принцот се жени со принц” – објасни концепт директорот на Советувалиштето за хомосексуалци, Марсел де Грот. Според него, тоа треба да им олесни на децата подоцна полесно да се изразат ако се хомосексуалци.

Интересот за новата градинка е веќе голем и досега се пристигнати 60 апликации за вкупно 93 деца. Најповеќе заинтересирани се таканаречените геј семејства со деца, или граѓани на Берлин кои живеат во близина.

Евротип
SNBROKER
To Top