Новости

Свет

Се сликаа голи во Дубаи, а потоа завршија во затвор

Група жени биле уапсени во Дубаи и обвинети за разврат во јавноста затоа што се фотографирале голи.

Видеото објавено во саботата прикажува група голи жени кои се фотографираат на тераса.

11 Украинки се во притвор, потврди за Би-Би-Си конзулатот на таа држава во Дубаи.

Приведен е и руски државјанин, јавија московските медиуми.

Казната за јавен разврат во Дубаи е до шест месеци затвор и 5.000 дирхами (1.150 евра).

Многу регулативи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се засноваат на шеријатскиот закон.

Во минатото имало случаи на апсење луѓе за размена на нежности во јавноста, како и за хомосексуални врски.

Жените биле фотографирани на терасата од зградата лоцирана во областа Марина во Дубаи.

Украинскиот конзулат соопшти дека денеска ќе ги посетат жените во затвор.

Претходно, руските медиуми објавија дека осум Русинки се уапсени и се во притвор, но новинската агенција РИА објави дека е уапсен Русин, кој ја организирал фотосесијата.

Тој ќе биде осуден на 18 месеци затвор, пренесува агенцијата.

Полицијата во Дубаи предупреди дека секој што ќе објави порнографски материјал или каков било материјал што „може да му наштети на јавниот морал“ ќе се соочи со затвор и парична казна.

„Таквото неприфатливо однесување не ги рефлектира вредностите на емиратското општество“, се вели во соопштението на полицијата.

Секој што живее или ги посетува ОАЕ мора да ги почитува локалните закони, а тоа важи и за туристите.

Има неколку случаи на апсење на туристи додека биле на одмор во Дубаи.

GOLD
To Top