Новости

Свет

СЗО: Индискиот вид на коронавирус официјално пријавен на 53 територии

Индискиот вид на коронавирус е официјално пријавен на 53 територии, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО доби и информација од неофицијални извори дека варијантата Б.1.617 е пронајдена на уште седум територии, со што вкупниот број е зголемен на 60.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи од ковид-19 продолжи да опаѓа минатата недела, бидејќи беа регистрирани повеќе од 4,1 милиони нови случаи и 84.000 смртни случаи, што е намалување за 14 проценти, или за два проценти во споредба со претходната недела.

Во европскиот регион, СЗО забележа најголем пад на бројот на заразени и мртви во последните седум дена, по што следи Југоисточна Азија.

Евротип
Евротип
To Top