Новости

Свет

СЗО предупредува: Пандемијата ќе продолжи и во текот на 2022 година

Пандемијата на Ковид „ќе трае една година подолго отколку што е потребно“, бидејќи посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Д-р Брус Ајлвард од СЗО рече дека тоа значи дека кризата со Ковид може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“, пренесува Би-Би-Си.

Помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, во споредба со 40 проценти на повеќето други континенти.

Обединетото Кралство испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони.

Огромното мнозинство вакцини против Ковид се дава во земјите со висок и среден приход, додека Африка сочинува само 2,6 отсто од дозите дадени ширум светот.

Група добротворни организации, која ги вклучува Оксфам и UNAids, ги критикуваше Канада и ОК за набавка на вакцини за нивното население преку Covax, глобална програма за правична дистрибуција на вакцини поддржани од ОН.

Евротип
SNBROKER
To Top