Новости

Свет

СЗО препорача два нови лекa против ковид-19 со опции за лекување и на омикрон

Панел на Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на два лека на фармацевтската компанија Ели Лили и на ГлаксоСмитКлајн и Вир бајотехнолоџи – додавајќи нови опции за лекување на пациенти со Ковид-19, со оглед на тоа дека варијантата на коронавирус – омикронот, брзо се шири.
Според СЗО, Омикронот, кој ја избегнува заштитата од вакцини и терапии, е идентификуван во 149 земји и тој брзо ја замени Делтата како доминантна варијанта во неколку држави, принудувајќи ги владите и научниците да ја зајакнат одбраната преку тестирање, инјекции и терапии.
Комисијата во четвртокот о препорача лекот барицитиниб на Ели Лили, кој се продава под брендот Олумиант (Olumiant), за пациенти со тешка форма на ковид-19 во комбинација со кортикостероиди, додека условно ја поддржува терапијата со антитела GSK-Vir за полесни пациенти со најголем ризик од хоспитализација.
Досега, терапијата со моноклонални антитела GSK-Vir беше единствената што покажа ефикасност против омикрон во лабораториски тестови, додека слични третмани од Eli Lilly and Co и Regeneron Pharmaceuticals понудија помала заштита при ваквите тестови.
Ефикасноста на третманот со моноклонални антитела – лабораториски произведени соединенија кои ја имитираат природната одбрана на телото – против новите варијанти како што е Омикрон, сè уште е неизвесна.

Француската медицинска хуманитарна организација Лекари без граници (MSF) ги поздрави упатствата на ОН и рече дека барицитиниб може да биде потенцијална алтернатива на тековните третмани со моноклонални антитела препорачани од СЗО, кои сè уште недостасуваат во многу земји со низок и среден приход.

Евротип
SNBROKER
To Top