Новости

Свет

Силвио Берлускони е позитивен на коронавирус

Поранешниот италијански премиер, лидер и сопственик на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони е позитивен на тестот за коронавирус, пренесоа италијанските медиуми.

Лидерот на партијата Форца Италија поминал тест по посетата на островот Сардинија. Неговиот лекар, Алберто Зангрило, директор на болницата Сан Рафаеле во Милано, изјави: „Силвио е асимптоматски и е во изолација во неговата резиденција во Аркор“.

Инаку, Силвио Берлускони во текот на овој месец ќе наполни 84 години, со оваа возраст тој се наоѓа во високоризичната категорија.

GOLD
To Top