Новости

Свет

Силен земјотрес на североисточниот брег на Јапонија, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди североисточниот брег на Јапонија – епицентарот бил на околу 60 километри од брегот. Како што јавува Ројтерс, во тој дел од државата потресот се почувствувал во населените места, а издадено е предупредување за цунами.

Земјотресот кој се случил во близина на префектурите Мијаги и Фукушима бил со јачина од 7,3 степени по Рихтер, јави јавниот сервис на Јапонија НХК.

Како што јавува Франс прес, земјотресот се почувствувал и во Токио, а околу два милиони домаќинства останале без струја.

Евротип
SNBROKER
To Top