Новости

Свет

Талибанците ќе бидат блокирани од Whats App

WhatsApp се обидува да ги блокира талибанците!

Бидејќи WhatsApp користи енкрипција од крај до крај, компанијата не може да чита пораки испратени преку апликацијата. Затоа, се потпира на други идентификатори за да утврди дали талибанците ја користат апликацијата, како што се фотографии, имиња, описи на профили и слично.

WhatsApp се обидува да открие дали талибанците ја користат таа апликација за пораки за да воспостават контрола над Авганистан, и доколку е така, како да ги блокираат.

Талибанците испратија предупредувања преку WhatsApp до жителите на Кабул кога тие јс презедоа контролата врз градот во неделата, пишува Wasington Post.

Меѓутоа, имајќи предвид дека Талибанците се под санкции на САД, WhatsApp, чие седиште е во САД, мора да најде начин да ги спречи Талибанците да ја користат апликацијата, пренесува Hina.

„Ние сме должни да ги почитуваме американските закони за санкции“, рече портпаролот на WhatsApp.

Извор: vjesti.me

Евротип
SNBROKER
To Top