Новости

Свет

Трагедија во Италија: Загина 14 месечно бебе од Македонија

Голема трагедија му се случила на семејство од Македонија, кое живее во Италија. Како што информира 24 Инфо 14-месечно бебе паднало од балкон од вториот кат од зграда во местото Понте Гардена во Италија.

Четиринаесетмесечниот А.И. во петокот во околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле. Бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Бебето веднаш бил качено во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеале да го спасат животот на бебето.

Како што пишуваат италијанските медиуми најверојатно мајката ќе биде обвинета за негрижа зошто дозволила бебето само да биде на терасата.

Локалните власти ќе обезбедат и психолошка поддршка за семејството.

GOLD
To Top