Новости

Свет

Трите услови на Путин за прекин на војната со Украина

Новинската агенција РИА ги објави наводните услови на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина.

Рускиот претседател денеска разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон. Разговорот траел повеќе од час и половина.

Според РИА, условите се признавање на суверенитетот на Русија над Крим, кој го анектираше од Украина во 2014 година, демилитаризација и како што Русите го нарекуваат денацификација на Украина и нејзин неутрален статус.

Преговорите меѓу Русија и Украина се во тек.

Евротип
SNBROKER
To Top