Новости

Свет

Турција почна да нуди четврта доза од вакцината против Ковид-19

Турција ќе започне да им дава четврта доза од вакцината против Ковид-19 на оние кои примиле две дози од кинеската вакцина „синовак“ за да ги исполнат европските стандарди кои не го признаваат кинескиот лек.

Минатиот јули, турските властите почнаа да им даваат трета доза од вакцината на здравствените работници и луѓето постари од 50 години бидејќи студиите покажаа дека антителата поттикнати од вакцинацијата со „синовак“ опаѓаат по околу шест месеци.

Турција досега вакцинираше над 6,81 милиони луѓе со т.н. бустер-вакцина.

Во Турција, луѓето кои се заразиле со Ковид-19 ќе имаат право на вакцинација еден месец по закрепнувањето, за разлика од претходно, која тој период изнесуваше три месеци.

Евротип
Евротип
To Top