Новости

Свет

Украина од денеска воведува рестрикции на струјата на целата територија

Украина од денеска воведува рестрикции во снабдувањето со електрична енергија на целата територија, изјави вчера советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.

Одлуката за рестрикции е последица на повеќекратните напади со руски ракети и камикази дронови врз енергетската инфраструктура на Украина.

„Почнувајќи од утре, 20 октомври 2022 година, ќе бидат воведени рестрикции во потрошувачката на електрична енергија низ цела Украина“, напиша Тимошенко на својот канал на Телеграм.

Тој ги повика Украинците да ги „минимизираат трошоците“.

Се проценува дека околу 40 отсто од енергетските капацитети на Украина се надвор од употреба поради руските напади во изминатите неколку дена.

Евротип
SNBROKER
To Top