Новости

Свет

Фановите на Симпсонови во серијата пронајдоа предвидување на експлозијата во Бејрут

Најдолгата водечка серија во САД, Симпсонови, предвидувајќи некои вистински настани, ја прави серијата посебна за фановите. Серијата повторно е на дневен ред со тврдење дека ја предвидела експлозијата во Бејрут, главниот град на Либан, откако претходно се тврдеше дека го предвидеа изборот на Доналд Трамп за претседател, коронавирусот и уште многу работи.

Експлозијата во Бејрут

Најпознатата светска анимирана серија „Симпсонови“ се поистоветува со пророштво. По експлозијата во Бејрут, главниот град на Либан, на социјалните медиуми се зборува за еден стар дел од Симпсонови.

Како резултат на голема експлозија во Бејрут, облакот во форма на печурка, формиран на земјата во близина на пристаништето, се шири насекаде, а слична слика имаше и во една епизода од Симпсонови.

Во видеото кое се шири на социјалните мрежи, Хомер Симпсон купува експлозив од магацин и случајно го запали експлозивот што го однел дома и целиот град е под оган. Илјадници корисници на социјални медиуми ширум светот ги споделија овие слики со коментар „Симпсонови исто така ја предвидеа експлозијата во Бејрут“.

Меѓутоа, приказната за експлозијата е сосема различна, како што може да се види од оргиналното парче од серијата.

Сепак, сличноста со самата експлозија, формирањето печурка – останува.

Подготви: Мартин Николовски

GOLD
To Top