Новости

Свет

Фејсбук и Инстаграм го блокираа Трамп на неодредено време

Цукерберг го започна соопштението со тврдење дека по синоќешните инциденти, јасно е дека Трамп има намера да го искористи преостанатото време во претседателската функција за да го наруши мирниот трансфер на власта на Џо Бајден.

„Неговата одлука да ја искористи својата платформа за да покаже одобрување наместо да ги осуди постапките на неговите приврзаници, оправдано ги вознемири луѓето во САД и низ целиот свет. Ние вчера ги отстранивме неговите тврдења затоа што проценивме дека нивната цел е да поттикнат понатамошно насилство “, рече Цукерберг.

„Тој сега ја користи нашата платформа за да поттикне насилен бунт против демократски избрана влада“, рече Цукерберг.

„Сметаме дека дозволувањето такви соопштенија на претседателот во овој момент би било премногу ризично. Затоа ја продолжуваме блокадата, која вчера ја ставивме на неговите профили на Фејсбук и Инстаграм, до ново известување, а најмалку две недели додека не се случи мирен трансфер на власта “, рече шефот на Фејсбук.

GOLD
To Top