Новости

Свет

Фон дер Лајен: ЕУ се соочува со „пандемија на невакцинирани“

Европската унија (ЕУ) се соочува со „пандемија на невакцинирани“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесува Анадолија.

Во своето обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен ја истакна важноста на вакцинацијата против СОВИД-19 во услови на растечки број на инфекции во ЕУ.

„Ако ги погледнеме стапките на хоспитализација и смртност, тогаш првенствено се соочуваме со пандемија на невакцинирани“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека продолжувањето на вакцинацијата е главен приоритет за европскиот блок.

Таа истакна дека вакцинираните луѓе имаат помала веројатност да се разболат сериозно или да умрат од СОВИД-19.

„Во повеќето земји, креветите за интензивна нега сега се претежно окупирани од пациенти кои не биле вакцинирани или се само делумно вакцинирани“, додаде таа.

„Мерките за вакцинација и хигиена се чин на солидарност и спасуваат животи“, рече Фон дер Лејен, додавајќи дека минатата недела 1.600 луѓе умираа секој ден низ ЕУ од СОВИД-19.

Фон дер Лајен ги повика и носителите на одлуки да ги едуцираат и информираат граѓаните, бидејќи има огромни разлики во стапките на вакцинација во земјите-членки на ЕУ.

Евротип
Евротип
To Top