Новости

Свет

Целосно вакцинираните Американци веќе не мора да носат маска на отворено

Американците кои имаат примено две дози од вакцината против ковид-19 веќе не мора да носат маска на отворено, објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Според новите федерални препораки, тие не мора да носат маска кога се сами или во групи со други вакцинирани луѓе.

„Мали и средноголеми собири на отворено можат да се прават без маска ако луѓето се вакцинирани. Тоа се однесува и на јадење на отворено во ресторан“, изјави директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски.

Сепак, маска и натаму треба да се носи во затворено или на места каде што има многу луѓе.

Повеќе од 95 милиони Американци досега се вакцинирани со две дози и претседателот Џо Бајден ги опиша новите препораки како „исклучителен напредок“.

„Нашпте научници се убедени дека шансите да се заразите или да го пренесете вирусот на други се многу, многу мали. Јасно е дека ако сте вакцинирани можете да направите повеќе“, изјави Бајден.

Тој ги повика сите Американци да се вакцинираат, што го опиша како патриотски чин.

GOLD
To Top