Новости

Занимливости

Црвениот телефон на Хитлер продаден за 243 илјади долари

Личниот телефон на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е продаден на аукција за 243 илјади долари.

Аукцијата се одржала во Чесипак Сити во американската сојузна држава Мериленд. Портпаролот на аукциската куќа, Андреас Корнфилд, не го открил името на новиот сопственик на телефонот.

Телефонот на Хитлер има црвена боја, на него го пишува името на Хитлер и има кукаст крст. Овој телефон бил пронајден во берлинскиот бункер во 1945 година, по поразот на режимот.

GOLD
To Top