Новости

Свет

Чешка: Дополнителни два дена годишен одмор за службениците кои ќе се вакцинираат

Чешката Влада денеска донесе одлука според која два дополнителни дена годишен одмор ќе им бидат понудени на државните службеници кои ќе се вакцинираат против Ковид-19, соопшти премиерот Андреј Бабиш.

Чешката Република, која има 10,7 милиони жители, соопшти дека до 29 јули биле дадени 10,19 милиони дози и дека 4,74 милиони луѓе се целосно вакцинирани.

Целта е да имаме максимална вакцинација, да се заштитиме од инфекција од странство – рече Бабиш.

Тој додаде дека вакцинацијата е главната задача.

Од почетокот на пандемијата, 1.673,219 случаи на коронавирус се регистрирани во Чешка, а 30,363 луѓе починаа од последици на Ковид-19.

СН Брокер
To Top