Новости

Свет

Џо Бајден положи заклетва како 46-ти претседател на САД

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација на скалите пред Капитол Хил во Вашингтон пред претседателот на Врховниот суд, со што стана 46-от претседател на САД. Заклетвата ја положи врз 127 години стара библија што ја држеше неговата сопруга Џил.

Заклетва даде и новоизбраната потпретседателка Камала Харис, првата жена и првата афроамериканка, потпретседател на САД во нејзината историја.

Претходно, церемонијата на инаугурција ја отвори сенаторката Ејми Клобучар која во инспиративниот говор наведе дека „ова е денот кога нашата демократија ќе се врати и кога Америка ќе се врати. Потоа го најави следниот говорник, како што кажа, нејзиниот драг колега сенатарот Рој Блант.

По двајцата сенатори на говорницата застана и молитва прочита свештенеикот Рој О’Донован, кој порача дека „денеска ги признаваме своите минати гревови и се обврзуваме да се грижиме едни за други, особено за оние на кои им е најтешко“.

Американската химна ја испеа Лејди Гага, инаку, блиска пријателка на новиот претседател на САД.

GOLD
To Top