Новости

Свет

10-годишно девојче почина откако го прифатила предизвикот „Blackout“ на Тик Ток

Десетгодишно девојче во Италија е прогласено за мртво, откако го прифатила таканаречениот „Blackout“ на ТикТок, според локалните извештаи.

Опасната игра – позната и како „предизвик за онесвестување“ – ги предизвикува учесниците да се дават се додека не се онесвестат неколку секунди.

Но, предизвикот се претвори во трагичен кога девојчето, кое врзало колан околу вратот, се загуши, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Девојчето итно било пренесено во болница во Палермо во четвртокот. Таа имала срцев удар и наскоро лекарите прогласиле мозочна смрт.

Нејзините родители дадоа дозвола да се донираат органите на нивната ќерка, објави АНСА, посочувајќи дека наскоро ќе биде тргната од апаратите.

Експертите предупредуваат дека овој тренд е опасен и може да предизвика несвестица, оштетување на мозокот и напади.

Корисниците на TikTok се охрабруваат да обележат секој што е вклучен во предизвикот со кликнување на симболот што вели „Report“.

GOLD
To Top