Новости

Свет

563 лица досега починале од коронавирусот во Кина

Во последните 24 часа од коронавирусот во Кина починале уште 73 лица, со што вкуниот број на жртви од заразата сега се зголеми на 563, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија.

Комисијата додава дека се регистрирани уште 3.694 нови случаи на болеста, па сега бројот на заразени со вирусот изнесува вкупно 28.018 лица, јавија британските медиуми./МИА

GOLD
To Top