Новости

Свет

Британската опозиција планира законски да спречи Брегзит без договор

Главниот советник за Брегзит во британската Лабуристичка партија, Кир Страмер, изјави дека опозицијата планира да го спречи заминувањето на Велика Британија од ЕУ без договор на начин што ќе предложи измена на законот со кој веќе нема да важи одредбата дека 31 октомври е последниот рок за Брегзит.

Стармер за Би-Би-Си кажа дека измената на законот ќе се однесува на продолжувањето на последниот рок за Брегзит за премиерот Борис Џонсон да се спречи да го извади официјален Лондон од ЕУ без претходен договор.

Британските медиуми пренесуваат дека Стармер изјавил дека времето за продолжување на рокот за излегување на Лондон од ЕУ е „секундарно“ прашање, а приоритет е спречувањето на Брегзит без договор.

Британските медиуми наведуваат и дека е предвидено Велика Британија да ја напушти ЕУ на 31 октомври, а тоа е можно да се смени единствено доколку Лондон и официјално побара одложување и тоа барање го прифатат сите 27 земји членки на ЕУ.

GOLD
To Top