Новости

Свет

British Airways казнет со 230 милиони долари поради кражба на податоци на клиентите

Сопственикот на британската авиокомпанија British Airways, компанијата IAG, се соочува со рекордна казна во износ од 230 милиони долари поради минатогодишната кражба на податоци на клиентите од интернет страницата на оваа авиокомпанија.

Британската канцеларија на комесарот за информации (ICO) предложила казна во висина од 1,5 проценти од вкупниот промет на British Airways од 2017 година, објави Reuters.

GOLD
To Top