Новости

Занимливости

Nokia 3310 со златен портрет на Путин

Во Русија може да продадете буквално се, ако го изработите од злато и ставите на него портрет на Владимир Путин. На оваа стратегија се придружи и производителот на луксузни телефони Caviar, кој наскоро ќе им предложи на локалните патриотски настроени богаташи, специјална верзија на претставената пред неколку дена, во ново издание, Nokia 3310. Телефонот го носи името Caviar Nokia 3310 Supremo Putin и практично го нуди истиот хардвер на уредот од 49 евра, надограден со рачно гравиран титаниумски панел, кој е разубавен со златни елементи.

Меѓу златните елементи се наоѓа ликот на Путин и плочка со цитат од химната на Русија, а централниот дел е украсен со грбот на Руската Федерација. Цената на овој модел е 99 000 рубли, што е точно 1610 евра, но имајте на ум дека според компанијата финалната вредност може да биде различна. Ако златните акценти не ви се допаѓаат, за иста цена може да добиете и црн титаниумски панел со PVD облога и текстура која налиува на челик. Фирмата нуди и други телефони со ликот на Путин, а освен тоа има и со ликот на Доналд Трамп.

GOLD
To Top