Новости

Свет

Quantas: Патниците мора да се вакцинирани против Ковид 19 за меѓународни патувања

Нема вакцина, нема лет.
Тоа е пораката од австралискиот превозник Qantas, бидејќи планира да ја направи вакцинацијата против COVID-19 задолжителна за патниците откако втората најстара авиокомпанија во светот ќе продолжи со меѓународните летови следната година.
„Гледаме да ги смениме условите за меѓународните патници, ќе ги замолиме луѓето да направат вакцинација пред да се качат во авионот“, објасни шефот на Кантас, Алан Џојс.
Доказ за вакцинацијата најверојатно ќе се чува во електронски „дигитален пасош“, рече тој.
Веќе овој потег предизвика жестока реакција од антиваксерите ширум светот, кои тврдат дека станува збор за дискриминација.

GOLD
To Top