Новости

Свет

TikTok под лупа на американската влада поради материјал за сексуална злоупотреба на деца

Апликацијата за кратки видео содржини беше опишана од американската државна безбедност како совршено место за сексуална злоупотреба.

TikTok е под истрага од американските владини агенции за ракување со материјали за сексуална злоупотреба на деца, додека растечката апликација на кратки видеа се бори да ја ублажи поплавата од нови содржини.

Справувањето со педофилијата и сексуалната злоупотреба е постојан предизвик за социјалните мрежи, но младите корисници на TikTok ја направи оваа платформа најранлива од сите.

Американското Министерство за домашна безбедност во моментов истражува како TikTok постапува со материјали за сексуална злоупотреба на деца и колку злоупотребувачите имаат пристап до приватноста на децата.

Истрагите нагласуваат дека TikTok се бори да се справи со поројот на содржина генерирана од повеќе од милијарда корисници. Компанијата, во сопственост на кинеската BiteDance, има повеќе од 10.000 човечки модератори ширум светот и брзо регрутира персонал во оваа област.

Одделот за домашна безбедност на САД тврди дека меѓу 2019 и 2021 година, бројот на случаи на експлоатација на деца на TikTok се зголемил седум пати.

„Ние сме длабоко посветени на безбедноста и благосостојбата на малолетниците, поради што безбедноста на младите е приоритет во политиката на компанијата“, додаде TikTok за Financial Times.

TikTok објави дека отстранил 96% од содржината што ги прекршува насоките за безбедносна политика пред некој да ги погледне. Видеата на малолетници кои пијат и пушат го сочинуваат најголемиот дел од отстранувањето според овие упатства.

Евротип
SNBROKER
To Top