Новости

Свет

Во Австралија се сруши авион среде гасење пожар – тројца мртви

Три Американци загинаа кога се сруши авион-цистерна од канадската фирма „Coulson Aviation“ кој од воздух помагаше во гасењето пожар во Австралија, соопшти денес комесарот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс, Шејн Фицсимонс.

Според него, авионот „Herkules C-130“ се срушил еден час по полетувањето од воената база во Ричмонд, јужно од главниот град Канбера.

„Според првите извештаи, нема преживеани при падот на авионот, кој силно удри во земјата и пламна“, истакна Фицсимонс.

GOLD
To Top