Бидете храбри и експериментирајте со оваа боја во ентериерот на вашиот дом

Ќе може ли да ни простите, затоа што можеби е сеуште зима, но ние зборуваме за пролет. Поточно зборуваме за бојата на оние две цветови со фантастична миризба по кој се препознава ова годишно време, зумбулот и јоргованот.
Оваа боја е одлична идеја за дизајнирање на вашиот дневен престој, за вашата спална соба, па дури и вашата кујна. Погледнете ги фотографиите кои докажуваат дека лилавата боја ќе го направи тоа чудо за вашиот дом да блесне облечено во руво на елеганција и луксуз.
Таа е шармантна, потсеќа на пролет и лесно може да се комбинира со боите кои потсеќаат на пролетта, но од друга страна, доколку ја восприемиме лилавата боја како „помрачна“ или постудена боја, лесно можеме да ја комбинираме и во зима или во оние денови кога расположението ни е поинакво. Тоа не значи дека треба да го угушиме просторот единствено со темни бои, но не мора да ги користиме оние пресветлите тонови.









