Новости

Забава

Венчавки кои ги избегнуваат стереотипите – Сега е вистинскиот тајминг да бидете единствени

Во ред, нема да ја имате таа голема свадба од соништата,со оглед на ситуацијата но кога ќе размислиме подобро, некако скришум како да ви љубомориме.
Искористете ја оваа можност и бидете единствени. Доста се слушаат ,,муабети” дека ги жалиме оние кои не успеале оваа година да направат голема свадба.

Венчавката, лично ја сфаќам како интимен чин и никогаш не можев да ги разберам тие големи свадби на кои младите голем дел од гостите не ги знаат. Венчавката, со годините стана некое покажување на престиж и на сите им беше важна последователната реакција од гостите. Каква била храната, дали се задоволни од музиката, услугата на ресторанот… И сетоа тоа изгледаше како голема претстава, комедија се разбира. Баби, стринки, боси на оро, пијани чичковци, комшии, мажи петти брачеди и непознати роднини. Зошто? Епа фала Богу се стави пауза на цел тој циркус и веројатно сега е конечно време да се промени нешто околу сето тоа.

Време е да создадете своја приказна што ќе ја овековечите во фотографии во албумот на кого ќе ви се восхитуваат внуците. Замислете што би рекле:,,Моите баба и дедо беа кул!”
Еве неколку креативни идеи за откачена свадба:
Лас Вегас секогаш стои како предлог!


Од на кафе на свадба – секогаш сум за опуштени работи.


Едноставно облечете го белиот фустан и ѕвонете му на врата. Влезете во црква и почастете се хамбургер назад кон дома.


После свадба имајте краток меден месец во шатор на планина.


Колку е потаинствено, толку е ,,поегзотично”. Избегајте еден ден од градот и вратете се со прстени. И да. Не ги заборавајте кумот и деверот. Или пак снајдете се и околу тоа.

GOLD
To Top